Нашиот тим

Основач и Генерален Менаџер на компанијата е Наташа Ивановска, со над дваесет годишно искуство од областа на менаџментот, комуникациите, раководењето со човечките ресурси, маркетингот и односите со јавност. Низ работата со луѓето во компаниите им овозможуваме да ги реализираат своите цели.

За потребите на проектите за нашите клиенти формираме тимови специјалисти со кои имаме проверена и докажана соработка. ИНСАЈТ Груп работи преку стратешки партнерства со организации кои носат додадена вредност на услугите кои ги нудиме на компаниите.

Од 2013 година имаме партнерска соработка со компанијата САМЕРИМПЕКС ИМПУЛСИ, www.impulsi.com.mk со која реализираме проекти од областа на развој на бизнисот преку зајакнати капацитети за менаџментот со човечки ресурси. Заедно со оваа компанија сме партнери-застапници за водечки алатки и методологии за развој на вработените, поголема продуктивност и ангажман на работното место: www.corestrengths.com; www.genosinternational.com; www.discflow.co. Реализираме обуки за сертификација на професионалци кои сакаат да работат со овие алатки како тренери, консултанти и менаџери за човечки ресурси.

Profile image example

Наташа Ивановска Сертифициран обучувач, бизнис коуч, консултант за човечки ресурси и маркетинг

Повеќе од дваесет години искуство на менаџерски позиции во компании специјализирани за човечки ресурси и развој на кадар, маркетинг и односи со јавност. Формално образование на Технолошкиот факултет во Скопје и постдипломски студии на Sheffield University - City College of Thessaloniki. Работни посети на Arizona State University (ASU) во Феникс, САД и деловни посети на компании и организации во Лос Анџелес и Лас Вегас. Од 2012, Ивановска има престижна специјализација за коучинг на програмата "Art and Science of Coaching" (TASC) при Ericson Coaching College од Торонто, Канада, која поседува „Златен Стандард“ при Меѓународната коучинг федерација (ICF). Има државен сертификат за обучувач на возрасни и за обучувач на обучувачи за возрасни. Има големо искуство во организациски развој на компании преку воспоставување процеси и системи за работа со човечкиот капитал за постигнување на бизнис целите и овозможување одржлив развој.

Други поважни квалификации опфаќаат сертификација за Мастер обучувач и фасилитатор за Personal Strengths и Strengths Deployment Inventory (SDI), DISC консултант, Сертифициран меѓународен фасилитатор за кариерен развој (Global Career Development Facilitator GCDF), Сертификат за Бизнис Коучинг на Нобл Менхентен Коучинг од Англија. Од 2011 е основач и партнер во Personal Strengths Macedonia, застапник за SDI методологијата и алатките за Македонија, Бугарија, Албанија и Косово. Член на Управен одбор на Асоцијацијата на советници за кариера (АСК) и нејзин прв Претседател по основањето во 2010.

Profile image example

Биљана Велевска Сертифициран обучувач, консултант за деловен развој и човечки ресурси

Биљана Велевска раководи со компанијата Самеримпекс Импулси од 2000 година. Дејноста е консултанство од областа на менаџментот, организацискиот развој, управувањето со човечки ресурси и развој на кадарот. Компанијата е партнер на Personal Strengths Macedonia, www.ps.mk, која е застапник за SDI методологијата и алатките за Македонија, Бугарија, Албанија и Косово.

Велевска има огромно искуство во управување со проекти, консултантство, анализи, дијагностики и обуки, као во приватниот, така и во јавниот сектор, како во Македонија, така ки во странство. Има 10 години искуство со проекти во компании, особено во полето на менаџментот и управувањето со човечки ресурси, како што е планирање на човечки ресурси, планирање на анализа на работни места, регрутирање и селекција, мотивација, утврдување потреба од обука и развој, развој на наставни планови и програми, испорака на обуки, развој и спроведување на системи за управување со учинок, системи за наградување, кариерен развој.

Биљана Велевска е магистар по Европски менаџмент на Europa Institute во Германија. Поседува сертификат за SDI (Strengths Development Inventory) фасилитатор ниво II, и обучува SDI фасилитатори. Сертифициран меѓународен фасилитатор за кариерен развој (Global Career Development Facilitator) и Неуролингвистички практичар (NLP Practitioner). Има државен сертификат за обучувач на возрасни и за обучувач на обучувачи за возрасни. Основач е и член на Управен одбор на Асоцијацијата на советници за кариера (АСК).

Пријави се тука

Chief Accountant
Главен сметководител

Сертификати

Галерија

Огласи за работа

Обуки и сертификации