Услуги

Секоја компанија е приказна за себе и затоа нашите проекти започнуваат со дијагностика на реалните потреби и очекувања на менаџментот. Инвестираме во истражувањето на вистинските предизвици за да знаеме кој пристапи и кои услуги се најсоодветни за целите кои сакаме да ги постигнеме. Дијагностиката содржи разни алатки, прашалници, тестови за проценка на вработени, интервјуа и согледувања на нашите специјалисти во целиот процес. Заклучоците и увидите се споделуваат со менаџментот и од тука започнува креирањето на специфичните решенија.

Од искуството што го имаме гледаме дека некои прашања од страна на компаниите се исти:

  • Како да ги мотивирам вработените? Како да бидат ангажирани на работното место?
  • Како да ги задржам и да ја намалам флуктуацијата на вработените?
  • Како да ги најдам најдобрите кои ќе се приклучат на компанијата?
  • Како менаџментот ефикасно да го користи своето време, а не секојдневно да “гасне пожари”?
  • Како до правилен, фер систем за награди и казни, во функција на подобро работење на компанијата?
  • Како да го најдам вистинскиот пат за равој на компанијата? Која е мојата улога како сопственик? Што сакам за себе?

Веруваме дека одговорите на овие прашања и промените можат да се случат низ проекти кои опфаќаат неколку поврзани области во компанијата. Тоа бара вклученост на сите нивоа во компанијата кои работат кон иста цел.

Нашата експертиза ги опфаќа следните клучни области:

  • Дијагностика на компаниите преку проценка на вработените и процесите
  • Развој / ревидирање на организациска структура на компанијата со цел оптимизација на процесите и поголема ефикасност во работењето
  • Развој на описи на работни места соодветни на структурата, со дефинирани стандарди за учинок за работното место
  • Центри за проценка на кмпетенциите на вработените и програми за развој
  • Развој на вработени преку тренинг и коучинг
  • Коучинг програми за менаџмент тимовите
  • Поставување системи за управување со учинокот (Performance Management Systems)
  • Регрутација и селекција на вработени преку огласи и директен пристап (headhunting)
  • Поддршка на секторите за човечки ресурси преку обуки и менторство
  • Стратегии за обезбедување, управување и задржување на таленти
  • Развој на маркетинг и ПР стратегии
  • Планирање и развој на кариера на вработените како метод за мотивација
  • Развој на бизнис планови преку работилници со менаџмент тимовите

Резултатите од проектите со нас се мерливи затоа што на почетокот заедно поставуваме индикатори по кои ќе знаеме колку сме успешни, како на пример: зголемен промет, профит, зголемен број на вработени, воведени нови услуги, пристап на нови пазари, поголема мотивираност и ангажираност на вработените итн.

Пријави се тука

Chief Accountant
Главен сметководител

Сертификати

Галерија

Огласи за работа

Обуки и сертификации